Не биди ѓубре - спортист!

5 совети за пиење течности, опрема и уште нешто..

Да започнеме од ѓубрето. Во Македонија нема мм2 (милиметар квадратен) без ѓубре. Центар на град - ѓубре. Центар на главен град - ѓубре. Река - ѓубре. Охридско езеро (внатре, а и надвро, а и околу) - ѓубре. Село - ѓубре. Стража - ѓубре. На планина - ѓубре..во ѓубрето - ѓубре. Луѓето - ѓубре. Животните - срциња.

Најчесто за да не биде ѓубре насекаде, треба да еволуираме како вид и ако не постои корпа за ѓубре во близина - ѓубрето да го пикнеме в џеб. Истото важи и ако сте во автомобил, точак, тротинет.

Едно друго решение е пак самите ние да правиме помалку ѓубре, бидејќи веројатно немаме многу големи џебови?

Уште едно решение е: малку повеќе да читнеме за алтернативите на производите кои прават ѓубре!

Вчера ни помина еден факт преку очи: секоја секунда во светот се фрлаат 1500 пластични шишиња - секоја секунда.

Ова не се шишиња ова се рипки во пластика.

Ова не се шишиња ова се рипки во пластика.

  1. Биди попаметна околу електролитите.

    Како што имаме се повеќе освестени спортисти - кои конзумираат електролити. Така имаме и производители кои продаваат електролити во шише за една употреба, пластично. Пробајте да си купите некаков концентриран прашок, па самите мешајте во шише кое не е за една употреба. Гратис совет од Спорт Инн #спортиннхакс - електролитите без разлика дали ги купувате во шише или прашок, не се ништо повеќе од Вода+сол+вкус! Направете си сами електролит.

  2. Донирај ги патиките.

    Трчаш. Знаеш дека патиките се важни. Купуваш патики како да нема утре. Што им правиш на старите кои ја изгубиле ‚‚врвната форма‘‘. Донирај ги. Некој нема да трча со нив. Но може ќе шета низ град или ќе се слика за Грам.

  3. Патувај паметно.

    Иако сите можни спортски собири се откажани за подобри времиња, тоа не значи дека луѓето не патуваат за да прават спорт некаде. Одиш на планина - сам. Викни ги сите одете со една кола. Викни ги сите коли одете со комбе. Носете маски! Не ги фрлај!

  4. Јади растенија.

    Одгледувањето животни за храна е еден од најголемите загадувачи на светско ниво. Во Македонија, нормално немаме никакви податоци за тоа. Дека ние не сме светско ниво. Нејсе, пробај скокни го месото барем за еден оброк во денот. Измери како тоа делува на твојот спортски перформанс. Може промената ќе биде трајна, може не, ама пробај.

  5. Купувај хибридна опрема.

    Наместо да имаш по едно парче за секој услов и време, купувај опрема што штиклира повеќе услови. Јакна што не пропушта дожд + ветер + се пакува во топче - тоа е веќе за 3 сезони. Обувки за ‚‚трекинг‘‘ или низ град кога врне. Ранец со преграда за лаптоп ама не пропушта вода + има милион други прегради - носи го на планина или на викенд. Не мора да го имате latest моделот на опрема. Ранец ли, обувки ли…Копни по подрум - роднини, ќе имаш уникатно парче, што сигурно не е скинато, плус има приказна (‚‚абе ова е квалитет, знаеш ли дека Југославија продаваше…‘‘).

    Рециклирај - употреби го пак! Нека биде тоа што ќе ве води низ животот, најдете им втора употреба на работите кои ги користите. Помалку ѓубре за вас, автоматски помали џебови треба да имате, автоматски полесни ќе бидете, а и побрзи.

Previous
Previous

Колку силни треба да бидете?

Next
Next

Твојата работа не е: 👉🏻 Фитнес ЕКСПЕРТ!