Колку силни треба да бидете?

Како да ја процените вашата јачина - тоа на англиски е strength?

Ова не е релевантен начин за мерење на јачина.

Ова не е релевантен начин за мерење на јачина.

Јачината не мора да се мери само со тоа колку може да се подигне, спротивно од воспоставената пракса.

Термините сила, моќ и јачина се користат за strength, ај ние да не отвараме нови дебати ќе користиме јачина или сила.

Бидејќи постојат различни видови на сила, проценката на јачината треба да биде директно поврзана со она што сакате да го правите. Таа треба да е поврзана и употреблива во вашето секојдневие. Таа е поврзана со активностите што сакате да сте во можност да ги направите добро.

Прво: секакви видови на „стандарди“ се фрлаат наоколу, како што се мртво кревање - двапати од телесната тежина (2Х, BW) или правење 50 последователни склекови. Добро. Океј. Ако баш тие две работи се она што навистина го сакате, она кон што целите.

Но, стандардите што си ги поставувате за себе може да бидат многу поедноставни како:

  • да можете да станете од подот без да користите раце,

доколку тоа е потребно за вашиот секојдневен живот. Еве замислете ја оваа ‚‚неверојатна‘‘ ситуација:

  • имате дете во едната рака и јадењето за детето во другата рака, седите на подот, треба да бидете во можност да станете од подот без да користите раце. Симплс.

Вака некако започнуваат и нашите прашања за да процениме каде ви треба сила. Колку треба да работите за да ја добиете таа сила? На кои делови од вашето тело им треба најмногу работа, а кои се океј.

НАЈВажно без оглед на проценката што ја користите/ме, е дека треба да го сфатите односот на вежбите што ги тестирате и вашето секојдневие. Плус како тоа ќе влијае на вашата програма.

Една добра вежба што можете да ја испробате за да видите каде ви е потребна работа е мечка со свиткани лакти, која сигурно ќе ја запознаете додека вежбате со нас.

  1. Започнете во позиција А (или куче надолу), со задникот во воздухот.

  2. Свиткајте ги рацете, држејќи ги лактите затегнати блиску до вас (не дозволувајте да се рашират лактите).

  3. Држете ги рацете така свиткани, а нозете исправени, започнете да одите напред, движејќи ја десната рака и левата нога во исто време и обратно.

01013-Border-Collie-dog-stretching.jpg
  • Предизвик за повеќето луѓе е да ги држат рацете блиску до трупот и да го држат задникот во воздухот.

Ако оваа вежба ви е тешка веројатно треба да посветите внимание на јачината во горниот дел на телото. Ако држењето на нозете - исправени ви е проблем, треба да работите на флексибилност. Ако мозокот не може да го натерате да ви ги движи рацете и нозете наизменично - здраво координација.

Наместо да се мачите и лутате сами најдобар начин е да започнете програма која ќе одговара на вашите потреби и ограничувања. Дали треба да одите и да дигате шипки од 80кг, ако треба да го дигнете бебето што има 11кг и ве болат зглобовите и кичмата? Дали имате ќар во секојдневните активности ако трчате 5км секој ден и ве болат стапалата? Дали ако седиш 8 саати на столче, мислиш дека тоа ќе се неутрализира ако за викенд возиш точак на кеј, седејќи?

Ние сме луѓе ко и вас, не сме суперхерои (добро можеби сме цареви), но можеме да ви помогнеме во потрагата по вистинска програма. Програма не е 12 реда на ливче што треба да го носите додека скокате од справа на справа. Програма е сеопфатна слика за Вас. Нешто што кога ќе ви го објасниме ќе ви светне 💡и ќе ви помогне да ги наместите коцките во секојдневието, а тие се: работа - игра - забава.

Previous
Previous

Зошто не ги промовираме тие: ,,Пред / Потоа фотографии?”

Next
Next

Не биди ѓубре - спортист!