Многу „нежно‘‘ не е на арно

Кога перете на delicate испуштате милиони микропластики во одводот. Одводот во реката, реката во морето - планетата Земја плаче. Разбирате.

Науката вели:

Една нова студија покажува дека тие delicate/sensitive циклуси на перење прават 800.000 повеќе микропластика (тоа се парченца помали од пет милиметри во должина) во водата отколку што прават регуларните видови на перење. Тоа е потенцијално двојно повеќе од тоа што се пушта во регуларните ваши перења. Тоа е двојно повеќе пластика во нашите реки, езера…и тоа пластика која не може да ја видиме како си плови низ Вардар па сме запрепастени и правиме ццц, туку подмолни мали, микро пластичиња кои директно загадуваат многу повеќе.

Експертите велат:

Претходната мисла беше дека колку побрзо водата се врти во круг во машината за перење, толку повеќе микропластика ќе се ослободи од одредени видови ткаенина. Според таа логика, редовните циклуси/видови на перење би биле најштетни. Новата мисла вели дека всушност волуменот на вода, а не брзината со која се врти, одредува колку влакна се повлекуваат од облеката, објаснува авторот на студијата Макс Кели, доктор.Студент на Факултетот за природни и еколошки науки на универзитетот Њукасл во Англија. Деликатните циклуси користат најмногу вода/H2O, што ги прави полоши за околината на повеќе начини од еден.

Во крајна линија:

Во ред е да се мијат природни ткаенини како волна и свила на деликатни, бидејќи тие се биоразградливи, вели Кели. Бељата ја прватат сите синтетички материјали, како што се најлон и полиестер, тие секогаш перете ги на регулар. Секако помага ако немате милион парчиња облека за перење, тоа секогаш е плус за планетата Земја, тогаш таа не плаче.

Previous
Previous

Најдобриот лош избор: Телефон по сабајле

Next
Next

Провери го Маслото