Stop Slacking, Jump Start Slackfit!

ПРЕДновогодишните одлуки се новите Новогодишни одлуки!

Sport Inn и Gibbon Slacklines Macedonia ги предизвикуваат сите поборници на активниот живот, спортот и здравите навики, но особено ги предизвикуваат оние “забушантите”, да ги воведат овие навики, но не “Од понеделник!”, не “Од 1ви!” и не “Од Нова Година!”, туку веднаш!

Ексклузивно во Македонија Sport Inn ја овозможува Slackfit фитнес програмата на Gibbon Slacklines, а Вие имате исклучителна шанса да се приклучите на овој натпревар и бесплатно да тренирате во текот на осумте недели со тим од професионалнци.

slackfitmacedonia.jpg


Slackfit е нова, забавна и динамична фитнес програма, која има за цел да го зајакне и доведе во топ форма Вашето тело и Вашата физичка кондиција. Она што ја прави оваа програма поразлична од останатите, е тоа што е идеална за вежбање со друшво, во затворена просторија, но и во природа. Тоа е фитнес програма за која не е потребна посебна физичка подготвеност и може да ја применува буквално секој. Вежбите се прават на растегнатата Gibbon лента, со сопствената тежина, а со текот на напредувањето, може да се додаваат тегчиња и други реквизити при вежбањето. Како тоа изгледа, погледнете овде.


За овој натпревар се предвидени вкупно 40 учесници – 10 тима од по 4 членови, кои во текот на осумте недели ќе треба да постигнат како индивидуални, така и тимски резултати.

Тимовите ќе ги освојуваат поените според повеќе критериуми: издржливост и правилно вежбање за време на тренинзите, редовност на тренинзите, но и поддршката од нивните пријатели и фанови на социјалните мрежи – Youtube, Facebook и Instagram.

Покрај бесплатна фитнес програма, фит тело и нови здрави навики, овој натпревар им нуди и голем број на вредни награди на сите учесници.

Бидејќи бројот на учесници/ тимови на овој натпревар е ограничен, учесниците ќе бидат избрани по принципот “first come, first served”. Па побрзајте со пријавите!

За да се пријавите на овој натпревар, треба да го пополните формуларот на овој линк. Доколку веќе имате формирано свој тим, секој член од тимот треба задолжително да го пополни овој формулар со своите лични податоци, а сите членови треба да го внесат истото име на тимот.

Немате тим, а сепак сакате да учествувате во овој натпревар? Пријавете се индивидуално и ќе бидете дел од тимот кој ќе биде формиран по случаен избор.

Пријавувањето на “Stop Slacking, Jump Start Slackfit” предизвикот може да се направи најдоцна до 07.11.2016.

Следете ја фан страната на Gibbon Slacklines Macedonia – за да бидете во тек со сите информации поврзани со натпреварот.

Previous
Previous

SlackFit Challenge 2016

Next
Next

HFW Expo 2016