КАКО ЗВУЧИ: „Да ги тестираме твоите:

МОТОР + ШАСИЈА

(VO₂ max и VALD Performance тестирање, каде мерењето го прави Доктор по Кинезиологија, а не инфлуенсер со стоперица ⏱️ и окометрија 👀)

Апаратот дава бројка. Докторот ти кажува што тоа значи.

Двата теста лично ги прави доктор по кинезиологија. Не ai апликација и не некој што вчера правел анбоксинг на youtube.

По твојата мерка

Протоколот се прилагодува на твојот спорт, возраст и цел.

Целата слика

Моторот и шасијата ги чита истиот стручњак, па резултатите се гледаат заедно.

На човечки јазик (кучиња немаме тестирано)

Излегуваш со бројки што ги разбираш, не со оноа: и знаеш што да правиш понатаму.

ИБК, д-р по кинезиологија