Најдобриот лош избор: Телефон по сабајле
Како денот да ви започне - мирно
Во Основа:
Отворате очи, добро едното око и го фаќате телефонот. Скрол, скрол..ау види ја оваа, ау види го овој..❤️.. комент: 🍑👀
Тоа скоро секогаш ви прави повеќе стрес отколку сласт. Истиот стрес веројатно си продолжува во текот на денот - освен ако ова на сабајле - со телефонот не го правите со ум - стратешки.
Да прашаме некој што знае што зборува:
‚‚Имате тенденција да ги апсорбирате емоциите со кои сте опкружени, вели д-р Памела Рутигер, раководител во истражувачкиот центар за Психологија на Медиуми во Њупорт Бич, Калифорнија. Ако прочитате негативни или вознемирувачки вести и натписи, тие чувства може да ги прифатите и вие самите. Ефектите можат да се почуствуваат и во остатокот од денот, забележува таа. Имено, со проверка на првиот mail, дозволувате работата да се наметне над вашиот приватен живот. Ова може да предизвика понатамошен стрес и вознемиреност. ‘‘
Ако го барате вашиот телефон веднаш штом се разбудите, бидете паметни - користете апликација за mindfulness или прочитајте вести за работи кои ве прават среќни или отворете страна која има ралаксирана содржина, еве ви една. Ова е подобра стратегија за употреба на телефон и истата всушност може и да ја подобри благосостојбата, вели Рутген. Направете си распоред: прво појадувајте и пијте кафе, па отворете ги вестите за корона, политика, селебрити, па префрлете се на социјалните медиуми и еmail. Ако можете, почекајте до почетокот на работниот ден за да го проверите emailot од работа, дека - од работа е.
На крај:
Колку пати да ви кажеме дека гледањето во телефон сабајле и навечер е лошо, толку пати ќе погледнете пак во него. ЈБГ, вие може и во моментов во себе си мислите дека баш Вие - сабајле не гледате во телефон или не ве стресира бескрајното скролање на Грам. Ама. Можеби, ве стресира.
Знаеме дека е тешко да се откажеш од нешто, нешто на што некој толку многу работи да го направи крајно заразно и ‚‚интересно‘‘. Ама кога веќе го имаме телефонот во рака, барем да гледаме нешто на него што нема да биде ‚‚празно‘‘. Стресот има влијание постојано, можете само да сте свесни за тоа или некој друг да ви посочи дека сте под стрес, тој не исчезнува. Сега може да погледнете низ прозор и како што би рекла една наша драга, не заборавај да дишеш.
Освен ако на телефонот ја немаш нашата царска онлајн платформа со своја app за тренинг. ШТО! КАКО?
Види тука долу имаш копче - клик ⬇︎