SLACKFIT® ФИТНЕС

Slackfit® е револуционерен концепт за групен фитнес кој ќе ви овозможи да скокнете во slackline друштвото додека тренинрате во сала и во група. Во нашата програма комбинираме, ефективност, координација, стабилност, брзина, проприоцепција, но најмногу забава за целото тело.

Ефектвност: oдењето по slackline овозможува околу 1000 мускулни контракции во минута без воопшто да ги преоптоваруваме зглобовите. 
Координација: тешко дека некоја друга активност е подобра за координација од slackline. Постојано подобрување на нервно- мускулната интеракција, а со тоа и на перформансите.
Стабилност: нишањето на slakline ги активира длабоко поставените мускули поврзани со зглобовите, а со тоа се намалува можноста за повреда преку зголемена контрола и стабилност на зглобовите.
Брзина: активност како slackline бара одлична брзина на реакција а токму поради тоа имаме постојано подобрување на сензомоторичките способности.
Проприоцепција: со slackline се подобрува перцепцијата на движењето на телото а со тоа се зголемува динамичното фино нагодување на секое движење, сето тоа во однос време-простор.
Забава: колку пати да ви кажеме дека е забавно. Забавно е ептен.

Појаснување: жолта икона - рамнотежа зелена икона - сила црни кругчиња - тежина на вежбите Вежбите во ова видео се дел од SLACKFIT фитнес програманта на Gibbon Slacklines. Sport Inn е, за сега, единствениот центар кој ја нуди оваа фитнес програма. SLACKFIT справата - slackrack - е идеална справа за спортски центри и теретани, но и за домашна употреба.
Previous
Previous

Кој носи што? Водич до маичките на Tour de France

Next
Next

TBT