MK | EN


Full Body System







Резултат на нашето повеќегодишно искуство во мултидисциплинарни спортови е создавањето на Full Body System програмата. Таа е креирана да биде достапна за секого, без разлика дали сте професионален спортист, фитнес ентузијаст или само сакате да изгледате онака како што и се чувствувате. 

Full Body System вклучува вежби од различни дисциплини и користејќи ги полезностите на секоја од нив поединечно допринесува да се чувствувате посилни, помотивирани, поиздржливи, побрзи, помоќни, пофлексибилни, посмирени и повесели во секој аспект на животот.

Програмата е уникатна и персонализирана која опфаќа тренинзи за сила и експлозивност, издржливост, брзинска издржливост како и специфични вежби за истегнување и закрепнување. 

Наместо да правите изолирано движење со одреден зглоб, во нашата програма тренинзите  се дизајнирани да бидат систем кој го движи целото тело. Full Body System содржи вежби кои едновремено ја активираат работата на повеќе зглобови и повеќе групи на мускули. Истите тие, правилно изведени ќе го намалат  ризикот од повреди и ќе го подобрат квалитетот на животот. 

Индивидуални тренинзи







Индивидуалните тренинзи во Спорт Инн се многу повеќе од неколку еден-на-еден часови со личен тренер. Напротив нашите индивидуални тренинзи содржат медицински испитувања, програма за исхрана, уникатни тренинзи и континуирана мотивација. Тие се наменети да ги задоволат Вашите потреби и надминат Вашите очекувања. Програмата е развиена имајќи ја в предвид Вашата физичка подготвеност и слободно време. Со неа Вие ќе го  подигнете и достигнете нивото кое претходно сте го дефинирале како цел со Вашиот личен Lifestyle тренер.

Полу-индивидуални тренинзи







Полу-индивидуални тренинзи кои се реализираат со два до пет членови. Без разлика дали сте неколку пријатели, членови на семејство или воошто не се познавате меѓусебно, со полу-индивидуалните тренинзи ќе ги искусите посветеноста и предностите кои ги нуди тренингот со личен Lifestyle тренер, но и предностите и мотивацијата која е карактеристична при работа во мал тим. 

Тренинзи во мали групи







Тренинзи во мали групи,во Спорт Инн овој тренинг се изведува со најмногу десет члена во група кои се водени од Вашиот Lifestyle тренер. Тренингот во мала група и натперварот помеѓу групите го прави овој начин на вежбање атрактивен, иновативен и забавен за сите. Нашиот Lifestyle тренер ќе ве мотивира да излезете од вашата комфорна зона, ќе ги поместите границите а истовремено ќе се чуствувате и изгледате подобро од било кога.  

Spinning®




 
Спорт Инн е првиот,единствен, официјален и сертифициран Spinning® центар во Република Македонија. Spinner® велосипедите имаат геометрија, држење и отпор како и врвните гранд-тур друмски велосипеди. Spinning® програмата е прилагодлива за сите, а нашите сертифицирани Spinning® тренери ќе ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните резултати.

Без разлика дали тренирате за велосипедска трка додека времето е лошо или сакате да бидете посилни. Без разлика дали сакате да го негувате вашето тело и дух или да се испотите и изгубите дел од вашата телесна тежина. Можеби едноставно сакате да се пронајдете себеси, нашата Spinning® програма е дизајнирана токму за Вас.

Сите инструктори во Спорт Инн се Spinning® сертифицирани од официјалната Spinning® програма и имаат одлично познавање во областа на анатомија, физиологија како и во различни тренажни принципи. 

Ние веруваме дека најдобриот начин да се запознаете со Spinning® програмата е да го посетите Спорт Инн и активно да учествувате во една Spinning® сесија. Со иницијативите на Градот и Граѓаните за подобрување на безбедноста за возење велосипед, Спорт Инн  се надева и верува дека возењето велосипед ќе ги замени сите останати форми на транспорт.

Во Спорт Инн не возиме само велосипед , ние вртиме музика и возиме Spinner®и.  

Spinning® е оригиналната „indoor cycling” програма која е започната до страна на „ultra-endurance” велосипедистот Johnny-G, пред 20 години како надополнување на неговиот тренажен процес.



Spinning® е една од тајните на светските фитнес топ модели како Emily Di Donato моделот на Sports Illustrated, или девојките од Victoria’s Secret. Еден Spinning® час просечно трае 50 минути. 

Spinning® во Спорт Инн


Едноставно кажано Spinning® програмата е микс од наука и единствено искуство. Имаме некоја mind/body релација. Корените на програмата се во физиологијата на велосипедизмот но и во врската помеѓу телото и умот. Како две крила на птица, физичкиот и менталниот аспект на тренингот мора да функционираат еднакво и заеднички. Едното нема никаква смисла без другото. Кога двете се во рамнотежа може да “летате”. Не е воопшто тешко да го возите овој пат. А кога го возиме заедно. Тогаш почнува забавата. Јбг животот е краток треба да уживате и тој треба да ве насмее и направи да се чувствувате фантастично, инаку, чуму трудот?


Издржаните тренинг принципи, кои се базираат на тренингот на вашето срце се основа на нашите профили за возење. Spinning® програмата користи систем од 5 различни Energy Zones™ (зони на срцев пулс) како водич за, еден фенси збор “периодизација”. Во основа тоа значи да имате наменска разновидност на вашата програма за вежбање за да го избегнете платото (да сте во позиција кога не можете да напреднете) и да се катапултирате кон вашите фитнес и натпреварувачки цели.



NO BULLS#!T пристап: Во Спорт Инн секој час има дизајн и цел. Мапа на која е лесно да ја откриете вистинската насока. Искрено: ако барате рандом движења кои немаат баш смисла, не безбедни и контраиндикативни движења или Spinning инструктор кој ќе ви се “дере” цел час, не мора да доаѓате во Спорт Инн, едноставно ќе се разочарате - нема да сте среќни. Ние возиме како што се вози велосипед, не скокаме од него, не креваме тегови додека возиме, не правиме чучњеви додека возиме, не возиме без раце, не педалираме со брзина на светлината (а не интересира како би изгледало тоа). Не бегаме од реалноста и возиме безбедно. Spinner-ите се со фиксна брзина и имаат замаец со тежина (wighted flywheel), навистина може да се повредите доколку не ги следите правилата. Еве што не треба да правите додека возите. Тука. Тоа е тоа сега може да се опуштите.

НА КРАЈ: Возиме вистински, најмногу бидејќи веруваме дека има нешто повеќе во возењето велосипед од педали и брзини, ридови и спринтови.


Spinning®  е ...


Spinning® ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА


SlackFit®

SlackFit®


Slackfit® е револуционерен концепт за групен фитнес кој ќе ви овозможи да скокнете во slackline друштвото додека тренинрате во сала и во група. Во нашата програма комбинираме, ефективност, координација, стабилност, брзина, проприоцепција, но најмногу забава за целото тело..

Прочитај повеќе

GIBBON Slacklines


Од 2007 GIBBON е синоним за новата генерација на живот на slackline (во отсуство на подобар збор).

 
Од мала група на другари излудени по slackline во Штутгарт FF неколку години. GIBBON во моментов E Slackline, глобано. 
 
Заедно со нашите партнери и веќе глобалната slackline-заедница го промовираме овој спорт и овој стил на живот, виртуелно и реално. Најдете си нови пријатели, уживајте во авантурата и живејте го SlackLife.

Запаметете slackline е за сите!

Изберете го вашиот Slackline