MK | EN


Што да очекувам на мојот прв Spinning® час?

Секој час е малку различен и секој инструктор има свој стил. Нема натпревар на Spinning® часовите. Слушајте го вашето тело и изберете го интензитетот кој најмногу ви одговара. Најважно е да возите во ВАШ ритам.

Не гледам часови за почетници, средни и напредни возачи?
Spinning® програмата е за СЕКОГО, и секој возач може да го избере отпорот на својот велосипед. Инструкторот ќе понуди опции на возачите да го зголемат или намалат интензитетот како и да вклучат предизвикувачки движења на нивото на возачите. Во Спорт Инн имаме и Spinning® 101, воведни часови по Spinning® каде ќе се запознаете со основните принципи на возењето, правилното местење на велосипедот и Spinning® терминологијата.

Слушнав дека може да потрошам 1000 калории за време на еден Spinning® час. Дали е ова вистина?
АУ! Фактите се следни: има многу фактори кои одредуваат колку калории ќе потрошите, возраста, телесната тежина, фитнес нивото и нормално интензитетот со кој вежбате. Истражувањата укажуваат дека во просек учесниците трошат околку 400-500 калории за 40 минутно возење.

Како може да го направам возењето поудобно?

Дообро. Она што сакате да прашате е: “Што му е на седиштево?” Не се грижете, ако сте нови во Spinning® програмата по неколку сесии (најчесто шест) вашето тело ќе се навикне на седиштето. Друг начин е да носите вело-шорц, прашајте не каков да купите! Прашајте го инструкторот дали воопшто правилно седите на седиштето.

Може ли да си слушам моја музика (на слушалки-нормално) додека возиме?
Извинете. Мора да го слушате гласот на инструкторот тој ве води низ возењето. НО, доколку имате желба да ни пуштите некоја песна, кажете ни! Ако ни се допаѓа ќе ја ставиме во нашата следна playlist-а. Доколку сакате да слушате само своја музика слободно може да резервирате соло возење и да уживате во баш, баш, вашата музика.

Дали ќе станам подобра личност ако возам Spinning® во Спорт Инн?
Уште прашувате! Има некоја магија и чувство на припадност кај сите оние што возат Spinning®. Веруваме дека секој може да си ги оствари соништата, секој може да направи нешто што никогаш не помислил дека е возможно. Секое патување почнува од првиот чекор, колку и да е клише, вистина е.

Која е минималната возраст за да се вози во Спорт Инн?
Секој официјален Spinning® центар, има своја политика. Во Спорт Инн таа е 13 години.
Некои од основните параметри кои се наведени во Spinning® водичот се:

Висина: Правилно наместен велосипед е основа за спречување на повреди. Учесниците/возачите треба се доволно високи за да може да си го наместат велосипедот правилно, висина на седиште и напред/назад (fore/aft) позиција. Генерално Спинер велосипедите можат безбедно да ги возат луѓе повисоки од 152.4 см. Но ова па и не е строго правило бидејќи должината на нозете и торзото се исто така битни.

Возраст и зрелост: Доколку возат деца, потребно е да бидат сериозни, одговорни и да ги следат упатствата за безбедно возење. Знаеме дека понекогаш е интересно за децата да педалираат со “брзина на светлината” но тоа не е безбедно и поради тежината на тркалото се создава голема сила на забрзување доколку нема соодветен отпор. Доколку го прават ова ќе добијат забрзан курс по физика.

Вежбање со отпор наменето за деца и млади: Деца пред-пубертет не треба да “искачуваат планини” или да возат со голем отпор. Советуваме да не се користи голем отпор кај деца кои се во раст и развој! Фитнес за деца бара специфично програмирање (доколку сакате вашето дете да го активирате во Спорт Инн, прашајте не за нашата прогама за дец
а!