MK | EN

Закрепнување по физичката активност е нешто што многу луѓе, тренери, стручни соработници, аматери, професионалци и рекреативци речиси и забораваат дека постои, а истото е подеднакво важно дури и поважно од самото градење на формата или подобрување на психо-физичките перформанси на еден човек.

Затоа Спорт Инн ви нуди Sport Recovery Spa пакет кој ќе ви помогне да закрепнете од болките, киселините во мускулите и згрченоста која се чувствува пред или по тренинзите или воопшто да не ги почуствувате истите. Следејќи ги инструкциите од вашиот Lifestyle тренер вие ќе го почуствувате опуштањето на мускулите веднаш по излегувањето од парната бања со магнезиумова сол и масажата под тропскиот туш. Применувајќи физиотерапевтски третман со снег од ледената фонтана и вашите зглобови по реализираниот тренинг ќе бидат соодветно третирани.