MK | EN
Спорт Инн Центар имајќи ја в предвид елементарната потреба од прецизно мерење и следење на интензитетот на физичката активност за прв пат во Р. Македонија им овозможува на своите членови да ги искусат огромните предности кои ги нуди MYZONE® системот. 
 

Што е MYZONE®?

 

MYZONE® е нов, единствен и иновативен систем базиран на отчукувањата на срцето кој користи безжична и cloud технологија за најпрецизно и нејсоодветно следење на физичката активност и форма. Со помош на  MYZONE® се следат, отчукувањата на срцето, калориите и времето поминато во физичка активност кои се претставени со MYZONE Effort Points (MEPs), тие се дефинирани да го наградат трудот/напорот во предефинирани енергетски зони.
 

 



 
Корисниците на MYZONE® ќе можат:
 

- Да тренираат во или надвор од Спорт Инн а нивната активност ќе биде запишана и          запаметена.

 

- Да се најават на услугата од било каде и да го следат својот напредок и активност.

 

- Да “заработат” MEPs за секоја минута физичка активност.
 

- Да учествуваат во локални и глобални предизвици и натпревари кои се базирани на    вашата физичка активност.

 

- Да ги постигнат своите цели преку интензитетот на срцевиот пулс.
 

 
Не постои поголема мотивација од тоа да видите, со свои очи - како вашите клучни параметри се намалуваат а вашето здравје се подобрува!