MK | EN

 

ШТО Е SLACKLINE?



Најзабавниот спорт на светот! Се шегуваме (или не?). Slackline е динамична (најчесто outdoor) дисциплина која подразбира одење, балансирање и изведување трикови на лента. Претходно искуство со слични спортови не е неопходно, бидејќи сите почнуваме буквално од нула.








 



ПОВЕЌЕ ЗА SLACKLINE НА СЛЕДНИТЕ ЛИНКОВИ:

http://www.gibbon-slacklines.com/en/
https://www.facebook.com/Gibbon-Slacklines-85859466425/
https://www.youtube.com/watch?v=2XQ7mv6CLFA
https://www.youtube.com/user/Worldoftomorrow/videos




ШТО СЕ GIBBON PRO ATHLETES?



Луѓето кои биле доволно среќни (или доволно посветени) за да ја имаат нај кул работата на светот!
Jaan Roose, Tauri Vahesaar, Carlos Merayo Garcia се само неколку од интернационалните Pro Rider-и на Gibbon (со последните двајца имавме прилика и да се запознаеме).
Да бидеш Pro Athlete на Gibbon Slacklines е една од ретките „dream jobs“ на милиони млади луѓе низ светот! Pro Athlete-ите на Gibbon со овој спорт се занимаваат професионално, што значи дека добиваат целосна поддршка за тренирање - од опрема до облека, учество на најпрестижните натпревари низ целиот свет, патувања, договори за спонзорства, настапи на најкул настани, одлични хонорари и се разбира многу, многу забава!
Најамбициозните, најпосветените и најактивните Slackline-ри со учество во Slackline академијата ќе имаат отворен пат за да се истакнат и да бидат забележани од интернационалниот тим на Gibbon (и стекнување со титулата на Pro Athlete).



ШТО Е SLACKLINE ACADEMY?


Sport Inn и Gibbon Slacklines Macedonia Ве покануваат во  уште една голема и возбудлива авантура - Slackline Academy 2017!
Сите активни и неактивни млади авантуристи кои имаат потенцијал, желба, харизма и сакаат забава, тимска работа и напредок се поканети да учествуваат. Ние ќе ви ја обезбебедиме потребната опрема и тренинзи БЕСПЛАТНО,  а ваше е да се изборите до највисокото ниво на академијата - MASTER.

Slackline академијата е единствена можност да бидете дел од првиот до сега Slackline тим на Македонија, а најдобриот/најдобрите ќе имаат можност да продолжат да соработуваат со Sport Inn, да станат заштитно лице на Gibbon Slacklines за Македонија, па дури и да бидат забележани од Gibbon, што ги води до единствената шанса да станат Pro Athlete-и! Најдоброто во академијата е тоа што учесниците ќе одлучат дали ќе има еден, пет или ниту еден победник, со нивната мотивација да издржат до крајот на предизвикот, да напредуваат во поставените нивоа и да се покажат и докажат со новите вештини. Во текот на академијата секој од учесниците има можност за сопствена промоција на социјалните мрежи и може да си создаде своја група на поддржувачи, навивачи и публика која ќе гo следи и понатаму на неговиот Slackline пат во Македонија, но и надвор од нашите граници.


Пријавувањето е отворено за сите кои што имаат ентузијазам, мотивација и доследност за да се посветат на првата забавна Gibbon Slackline академија.
Започнуваме со квалификациски ден во кој сите пријавени учесници ќе може да ги пробаат нашите Gibbon Slackline-и. Претходно искуство со спортови не е неопходно! Подеднаков потенцијал за постанување  Slackline-ер поседуваат и искусните атлетичари, како и секој оној кој е отворен за учење нови вежби и трикови.

Победникот/победниците ќе имаат можност да ја продолжат соработката со Sport Inn и Gibbon Slacklines Macedonia, можност да станат дел од  интернационалната Slackline заедница, можност за патувања на разни Slackline натпревари кај нас и во странство, како и дружење, ресурси/услови и знаење од интернационалната Slackline заедница.
Ретко кога се укажува шанса ПРВИ да бидеме дел од нешто волку НОВО, возбудливо и забавно!

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од ПРВИОТ македонски Slackline тим! Пријавете се овде!



ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВАМ?


Ако те осовои оваа супер-забавна дисциплина, ќе имаш можност во наредните два месеци редовно да тренираш со тимот што ќе го составиме на 04.03.2017 и заедно ќе ги освојувате идните Slackline предизвици. Ти и твојот тим ќе ја имате целата наша поддршка  од првите чекори, па се' до првите трикови на лентата.
За време на двомесечното тренирање, ќе водиме евиденција за сечив личен напредок, при што ќе има и одредени нивоа кои ќе треба да ги достигнеш, а ќе придонесат кон конечниот резултат и исход од академијата.
Бидејќи ќе бидете првите Slackline-ри во Македонија, ќе имате привилегија да го водите и официјалниот Gibbon Slacklines Macedonia Instagram account, на кој ќе споделувате фотки и видеа од тренинзите. На тој начин ќе создадете ваша група на фанови, следбеници кои ќе бидат во чекор  со вашиот напредок  и ќе ве поддржуваат.
Крајот ќе биде заокружен со голем SLACKLINE настан, каде ќе имате можност да „си ги одмерите силите“ со врвни Pro Athelete-и и  Slackliner-и (со кои ќе можете лично да се запознаете и дружите!)
На настанот ти и твојот тим ќе имате прилика да покажете што знаете, да се здобиете со вашата прва публика и фанови, но и да се дружите и да научите некој трик повеќе од вистински професионалци. А победниците? За тоа кој и колку луѓе ќе победат одлучувате вие, првиот и единствен Slackline тим на Македонија!



ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ?


Да се пријавиш овде. Започнуваме со пробен тренинг на 4ти март, во 13 часот, во Градски парк, а се' што ти треба е удобна облека и спортски патики, многу позитивна енергија и желба за ново адреналинско доживување!