MK | EN

Специфика на Spinning® програмата е што се изведува во групи но е крајно пресонализиран тренинг кој е прилагодлив за секој поединец.

Првиот Spinner® велосипед е направен пред 20 години. Креаторите на Spinning® програмата несвесно создадоа една од најголемите програми за групни тренинзи во светот.

Spinning® програмата е креирана за да го подобри вашето здравје и форма и истовремено да ве поттикне на промена, без разлика колку години имате, во каква форма сте, колку сте координирани или флексибилни,  Spinning® е за сите. Токму поради овој факт оваа програма трае и е популарна веќе 20 години.

Само оние центри кои имаат оригинални Spinner® велосипеди и имаат тренери кои се едуцирани и поседуваат диплома од Spinning® едукативниот центар можат да ја понудат Spinninig® програмата.

Ние сме особено горди на фактот дека Спорт Инн Центар е единствениот официјален и сертифициран Spinning® центар во Македонија.
 
Spinning® програмата се нуди во повеќе од 100 земји во светот и во повеќе од 30 илјади фитнес центри. Бидејќи програмата постојано еволуира и покажува видливи резултати воопшто не е чудно што постојат огромен број на заљубеници во Spinning®.

 

Spinning® е ...

Spinning® ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Објавено на: 26 Август 2013